После завршувањето на студиите по информатика имав направено подолга пауза од ИТ дејноста. Со курсот “Основи на компјутерски науки и развој на софтвер” успешно ги консолидирав своите познавања од оваа област и дополнително во голема мера ги унапредив, со што го достигнав потребното ниво на знаења и на мое големо задоволство станав дел од Дата Менаџмент праксата во Интерворкс.