При крај сум со своите студии по информатика, но со цел да ги продлабочам моите знаења, пред сè оние практичните, го посетував курсот „Основи на компјутерски науки и развивање софтвер“ во Интерворкс Едукативен Центар. Кратко по завршувањето на курсот, станав член од тимот во праксата TIBCO од Интерворкс, каде што работам, но воедно ги совладувам процесите на интегрирање со помош на оваа моќна технологија.