Мојот прв посериозен контакт со програмирањето беше во Интерворкс Едукативен Центар, на курсот „Основи на компјутерски науки и развивање софтвер“. Горд сум затоа што за околу три месеци напорно учење, работа, секојдневно патување, успеав да бидам дел од праксата SnapLogic, во канцеларијата на Интерворкс во Прилеп – мојот роден град.