Министерството за образование и наука воведе Ваучер за млади лица за обуки за дигитални вештини, но што е тоа поточно?

Ваучерот може да го користат лица од 18 до 29 годишна возраст (со завршено најмалку средно образование) за курсеви и академии кои ќе им помогнат да се стекнат со дигиталните вештини кои ги посакуваат, а истиот може да достигне максимална вредност од 30 000 денари. Лицата треба да се државјани на Република Северна Македонија, на 13 Јуни 2020 година да немале повеќе од 29 години и да имаат завршено најмалку средно образование. Доколку се одлучиш да го искористиш ваучерот, со него можеш да покриеш максимум 50% од вкупниот износ на чинење на академијата или курсот која сакаш да ја/го посетуваш (но не повеќе од 30 000 денари).

На пример доколку ти сакаш да го посетиш курсот Data Management со Python кој изнесува 39,800 денари, со ваучерот ќе можеш да покриеш 19,900 денари односно 50% од вкупниот износ. Секако можеш да избереш и поскап курс, како на пример Академијата за компјутерски науки и развивање софтвер, која чини 109,740 денари, но во тој случај би ти се покриле средства од 30 000 денари, односно Академијата ќе те чини 79.740 денари.

Каде сé може да се искористи ваучерот?

Интерворкс Едукативен Центар е дел од Листата на обучувачи кај кои можеш да искористиш ваучер. За да аплицираш за твојата академија или твојот курс, најди го називот на следниот линк. Зачувај го точниот назив на академијата или курсот и избери го на страната на uslugi.gov.mk.

Барањето се поднесува на платформата uslugi.gov.mk, на која секако мора претходно да имаш креирано свој профил. За да можеш да креираш свој профил на uslugi.gov.mk, мора да имаш и свој профил/своја сметка на e-pdd.ujp.gov.mk, односно на порталот на УЈП. Со истите податоци од УЈП можеш да се регистрираш и на uslugi.gov.mk.

Дококлку немаш профил на УЈП, треба да ја скенираш твојата лична карта и да ја испратиш на мејл на obuki@mioa.gov.mk заедно со твојот телефонски број. Потоа ќе бидеш контактиран од страна на Министерство за информатичко општество и администрација тие ќе ти дадат насоки како да се логираш на профилот на Uslugi.gov.mk кој тие ќе го направат за тебе.

Секој ваучер ги содржи следните елементи:

– име и презиме на корисникот на ваучерот

– единствен QR код

– рок на важење на ваучерот

– назив на обуката за дигитални вештини и назив на давателот на обука за дигитални вештини кој ја обезбедува обуката

– вредност на ваучерот и други корисни информации и инструкции за употреба.

Правила за користење на ваучерите:

– едно лице може да добие еден ваучер – еден ваучер се користи целосно само за една обука, што значи дека еден ваучер не може да се користи за две или повеќе обуки – ваучерот може да го искористи само лицето на чие име гласи ваучерот

– доколку за некоја од обуките има поголем интерес од пријавениот број на млади лица

– потенцијални корисници на ваучери кај еден ист давател на обуки за дигитални вештини, предност ќе имаат првопријавените кандидати

– ваучери се издаваат се додека не се потрошат средствата предвидени за оваа мерка

– корисниците на ваучери за обуки за дигитални вештини можат да ги искористат издадените ваучери во период од 15 август 2020 година до 15 декември 2020, кај давателот на обуки за дигитални вештини (односно во овој период да ја започнат обуката)

Барањето за ваучер се поднесува преку Националниот портал за електронски услуги во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Листата на даватели на обуки за дигитални вештини.

(извор: Министерство за образование)

Ти препорачувaме да бидеш чекор понапред и да си креираш профил уште денес!

Погледни го видеото кое ќе ти помогне да аплицираш уште побрзо:

Да поедноставиме:

  1. Креирај акаунт во УЈП
  2. Креирај акаунт во еИД
  3. Избери обука на iwec.mk
  4. Аплицирај за избранaта обука на uslugi.gov.mk

Не чекај времето да ти помине залудно и побрзај затоа што времето е ограничено, а се бараат одредени документи. Погледни ја нашата понуда и резервирај си место на линкот, а доколку ти треба помош при аплицирање за ваучерот слободно контактирај не.

Пиши ни на educentar@interworks.com.mk или јави ни се на 072 309 282.

Нашиот тим на експерти со задоволство ќе ти помогне да го избереш најдоброто за тебe. Зграпчи го моментот и стекни се со вештини кои ќе ти помогнат да стигнеш полесно и побрзо до твојата идеална работа по најповолни цени досега.

Те очекуваме да изградиме дигитално општество заедно.