Една од најактуелните области во ИТ индустријата е Cloud computing. Како што дигиталната трансформација ги дефинира успешните компании денес, така сe поголемо е побарувањето на искусни cloud инженери кои знаат како да ја спроведат таа трансформација. Со екот на пандемијата компаниите се соочија со големи трошоци, прекин на работа, потреба од повеќе ресурси, дигитална трансформација и слично.

Една од главните технологии која се користи за помош на компаниите во вакви ситуации е Cloud computing. Со помош на cloud не мораш да купуваш или да одржуваш сервери или дата центри, простор или бази на податоци. Еден од најпознатите снабдувачи на cloud услуги Amazon web services ти го нуди сето тоа на база на твое барање, односно купуваш прстор колку што ти е потребно.

Каде се сé користи cloud computing?

Компании од секаков тип, големина или индустрија го користат cloud computing за многу различни потреби како на пример потреба од резервна копија на податоците, закрепнување поради криза, виртуелни десктопи, развивање на софтвер и тестирање, анализа на огромен број на податоци и за апликации кои ги користат клиентите. На пример, компании од здравствениот сектор користат cloud за да развијат персонализирано лекување за пациенти. Финансиски институции користат cloud за да детектираат и превенираат измами во реално време. Креаторите на видео игри го користат cloud за да испорачаат онлајн игри до милиони корисници ширум светот. 

Со други зборови, cloud може да се користи секаде, што значи дека можностите за кариера во оваа област се огромни. 

Зошто клауд?

  • Работа со најсовремени технологии
  • Динамична технологија
  • Можност за кариерен развој
  • Cloud инженерите се едни од најбараните и најплатените на пазарот
  • Зајакнување на аналитчки способности
  • Работа на платформа која ја користат Facebook, Netflix и LinkedIn
  • Времето потребно да се совлада платформата се движи од 3 до 5 месеци
  • Побарувачката за инженери во cloud се зголеми двојно за време на КОВИД-19
  • Едни од најплатените инженери во ИТ
  • Можност да развиваш глобално за само неколку минути

Типови на cloud computing

Постојат три главни типови на cloud computing кои вклучуваат Инфраструктура како услуга, Платформа како услуга и Софтвер како услуга. Секој тип на cloud computing обезбедува различни нивоа на контрола, флексибилност и менаџирање за да можеш лесно да го избереш правилниот состав на услуги за твоите потреби.

Ти звучи интересно? Дали сакаш да бидеш одговорен за следната дигитална трансофрмација на некоја компанија? Аплицирај за курсот Cloud computing и започни кариера во професијата на иднината.