Вовед во работа со работни рамки – Spring & Hibernate (за деца и млади)

За да се постигне поголема брзина при програмирање, но во исто време и да се зголеми квалитетот на сработеното, при што безбедноста и стабилноста на крајното решение се на прво место, постојат т.н. работни рамки.

Најпознати и најчесто користени работни рамки, базирани на програмскиот јазик Java, се Spring и Hibernate.

Кога се програмира со помош на Java, покрај алгоритмите и основите на јазикот, неопходно е да се совладаат и овие работни рамки.

Оваа обука е наменета за слушателите кои веќе го имаат совладано програмскиот јазик Java и следно сакаат побрзо, подобро и побезбедно да креирааат апликации, како и да ги продлабочат своите знаења.

Обуката е наменета за деца на годишна возраст од 15-18 години.

Што ќе научите?

По успешно завршување на обуката, преку практични примери и вежби, кандидатите ќе имаат можност да се стекнат со следните знаења и вештини:

  • Како се обезбедуваат сите зависности или елементи од големи апликации со помош на Maven

  • Зошто е потребно и како се инјектираат зависности (DI)

  • Како се работи со аспекти (аспектно ориентирано програмирање), за да се обезбедат пропратни функционалности во апликациите

  • Организирање на архитекура на современи апликации и поделба на предна и задна страна (front and back end)

  • Комплетно разбирање и користење на HTTP протоколот

  • Комплетно разбирање и користење на Object/Relational Mapping, со помош на Hibernate

Програма
  • Architecture
  • Basic elements of a pom file
  • Maven lifecycle
  • Spring Core (DI, AOP)
  • SpringBoot
  • Spring MVC
  • HTTP & REST API
  • Object/Relational Mapping
  • Configuration
  • Mappings
  • JPQL
  • Criteria API
  • Spring Data JPA
Начин на плаќање

Начинот на плаќање може да биде во готово или на 8 еднакви месечни рати. Плаќањето се извршува преку уплатница. За плаќање во готово, одобруваме 10% попуст на вкупната сума од 15.624 денари.

 

Потребни предзнаења

Предзнаење од Вовед во програмирање и Вовед во бази на податоци

lecturer-image
Маја Аврамовиќ

Работи со .NET технологии 2 и пол години, а 7 години предава Java SE, бази на податоци, C/C++ и JavaScript. Нејзино омилено хоби е читање на книги.

Контактирај го предавачот

course-image
  • 1.953 ден./месечно

  • Course start
    17.10.2022
  • Course duration

    Октомври до мај

  • Course dynamics

    1 средба седмично по 1.5 час

  • Remaining places

    12

Subscribe for news
X

One click to find out more about our new courses, promotions and discounts.