Запознај се со релациони и нерелациони бази и откриј ја нивната моќ
Од октомври до мај
1 средба седмично
Современите апликации користат голем број податоци, коишто се складираат во бази на податоци.
Базите на податоци коишто денес се користат, скоро по правило се релациони бази на податоци, но сé повеќе се користат и нерелациони бази на податоци.
Дали сакаш да се запознаеш со релациони и нерелациони бази и да ја откриеш нивната моќ?
Јазикот со којшто се извршуваат акциите врз податоците од релационите бази на податоци, е наречен структуиран јазик со прашања (SQL – Structured Query Language). Целта на овој курс е совладување на техниките за работа со системите за управување со бази на податоци, како и јазикот SQL.
По успешно завршување на курсот, преку практични примери и вежби, кандидатите ќе имаат можност да се стекнат со следните знаења и вештини:
независно дизајнирање релациони бази на податоци со средна комплексност;
независно развивање SQL наредби за проекти со средна комплексност;
запознавање со различни видови нерелациони бази на податоци;
зголемен вокабулар на корисни програмски конструкции;
Вкупната цена за овој курс изнесува 12,238.5 денари + ДДВ . Може да се плати на седум еднакви месечни рати.
За плаќање во готово на уплатница на вкупната сума, овозможен е попуст од 10%.
Не се потребни предзнаења
Работи со .NET технологии 2 и пол години, а 7 години предава Java SE, бази на податоци, C/C++ и JavaScript. Нејзино омилено хоби е читање на книги.
Контактирај го предавачот