Научи што навистина се крие зад сурфањето на интернет и играњето игри
Од октомври до мај
1 средба седмично
Сакаш да научиш што навистина се крие зад сурфањето на интернет, и играњето игри? Сакаш да дознаеш што всушност претставува Facebook? Сакаш да учиш актуелни содржини?
Дозволи нашите експерти да те воведат во светот на програмирањето, со правилен избор на првиот програмски јазик со кој ќе се сретнеш. Започни да чекориш по патот кон успешен развој до иден професионалец во ИТ индустријата.
Запиши се на курсот Вовед во програмирање и добиј шанса да креираш програми и да дојдеш на чекор поблиску до твојата идна професија во ИТ.
Погледни ја целосната програмa.
Совладување на основите на објектно-ориентирано и функционално програмирање, со помош на програмскиот јазик Java;
Искуство во креирање и дебагирање мали апликации со помош на работната околина Eclipse;
Запознавање со основни формати на датотеки (CSV, Fixed Width);
Зголемен вокабулар на корисни програмски конструкции;
Аналитичко размислување и осмислување мали апликации.
Вкупната цена за овој курс изнесува 12,238.5 денари + ДДВ . Може да се плати на седум еднакви месечни рати.
За плаќање во готово на уплатница на вкупната сума, овозможен е попуст од 10%.
Не се потребни предзнаења
Работи со .NET технологии 2 и пол години, а 7 години предава Java SE, бази на податоци, C/C++ и JavaScript. Нејзино омилено хоби е читање на книги.
Контактирај го предавачот