Scratch е визуелен програмски јазик што им овозможува на корисниците да создадат свои интерактивни приказни, игри и анимации. Им помага на младите да ги научат концептите на програмирањето, да развијат вештини во мултимедијална комуникација, да размислуваат креативно, систематски и да соработуваат меѓусебе.
Обуката е наменета за деца на годишна возраст од 9-12 години.
По успешно завршување на обуката преку практични примери, вежби и групна работа, кандидатите ќе имаат можност да се стекнат со следните знаења и вештини:
Да креираат програми, да прават игри и да решаваат програмски проблеми.
Ќе развијат основно знаење и вештини во програмирање.
Ќе бидат подготвени да преминат на следни програмски јазици.
Начинот на плаќање може да биде во готово или на 8 еднакви месечни рати. Плаќањето се извршува преку уплатница. За плаќање во готово, одобруваме 10% попуст на вкупната сума од 12.400,оо денари.
Магистер по применета математика во електротехниката и информациските технологии со долгогодишно искуство во образовниот процес како наставник и обучувач во бројни проекти на ученици и наставен кадар од областа на ИТ.
Контактирај го предавачот
Дипломиран инженер по применета математика со долгогодишно искуство во образовниот процес како наставник по математика. Личност со голема желба за лично и професионално надоградување и напредување. При работа со деца, настојувам истата да биде интерактивна и динамична, се со цел да го привлече нивното внимание но и уште поважно да го задржи нивниот интерес.
Контактирај го предавачот
16.10.2023
  Октомври до мај
1 средба седмично по 1 час
Битола, Прилеп
Македонски
0
One click to find out more about our new courses, promotions and discounts.