Интерворкс Едукативен Центар

Интерворкс Едукативен Центар е формиран во Март 2019 и претставува тренинг центар специјализиран за едукација на сите заинтересирани лица, со различно ниво на познавање на компјутерска технологија, за основи на развивање на софтвер, интеграција на системи, QA, проект менаџмент, мониторирање на системи, оперативна поддршка и друго. Центарот исто така нуди и летни курсеви за деца, средношколци и студенти на факултет, како и кратки курсеви за млади и возрасни.   

Интерворкс Едукативен Центар по својата програма и начин на работа е единствен во регионот, а и пошироко, и нуди малку поинаква, поквалитетна и посеопфатна програма која е резултат на истражувањата и искуствата на нашите професионалци.

Целта на Центарот е понуда и реализација на курсеви од областа на компјутерски науки и инженеринг.

Овие курсеви на слушателите ќе им го доближат и пренесат долгогодишното искуство и експертиза на Интерворкс како компанија-лидер во регионот во областа на развивање на софтвер.

Мисија

Нашата мисија е да ги поврземе Теоријата и Искуството кое го поседуваме во Кохезивен Едукативен процес, кој ќе ги трансформира кариерите со всадување на Релевантни и Препознатливи Вештини и Компетенции.

Визија

Да го дефинираме и подигнуваме стандардот за квалитетен ИТ кадар во нашата земја и да создадеме средина во која што младите ќе сакаат да живееат, работат и заработуваат. Ова е остварливо преку постојано и значително подигнување на нивото на знаења, како и фокусирање и усвојување на принципите на компјутерската наука.

Простории