Децата во своето секојдневие се сретнуваат и користат многу веб страни. Оваа обука ќе им овозможи од поблиску да ги разберат како се направени и како функционираат веб страните. Со истата ќе можат да ги совладаат основните работи за тоа како една веб страна функционира и пред сè како е направена. Покрај тоа ќе ги совладаат и основните концепти за правење на веб страна како што се HTML & CSS. Со помош на HTML & CSS ќе научат да направат основна веб страна на која ќе бидат горди и во нив ќе ја побуди желбата за развивање на апликации.
Обуката е наменета за деца на годишна возраст од 12-15 години.
По успешно завршување на обуката, преку практични примери и вежби, кандидатите ќе имаат можност да се стекнат со следните знаења и вештини:
Ќе разберат како се направени и како функционираат веб страните
Ќе ги совладаат основните концепти за правење веб страна - HTML и CSS
Ќе научат да направат основна веб страна
Начинот на плаќање може да биде во готово или на 8 еднакви месечни рати. Плаќањето се извршува преку уплатница. За плаќање во готово, одобруваме 10% попуст на вкупната сума од 15.624денари.
Магистер по применета математика во електротехниката и информациските технологии со долгогодишно искуство во образовниот процес како наставник и обучувач во бројни проекти на ученици и наставен кадар од областа на ИТ.
Контактирај го предавачот
17.10.2022
Oктомври до мај
1 средба седмично по 1.5 час
0
One click to find out more about our new courses, promotions and discounts.