ВОВЕД

Правото на приватност и заштита на лични податоци е приоритет на ДООЕЛ ИнтерВоркс. Принципите за заштита на личните податоци на вработените, клиентите, кандидатите за работа, кандидатите на курсевите, вработените кај добавувачите, кои се детално елаборирани во правилниците за приватност на компанијата ИнтерВоркс, се применети во процесите и политиките на компанијата.

Оваа политика за приватност

Интерворкс посветува големо внимание на заштитата на лични податоци во сите нејзини бизнис процеси, имплементирајќи ги стандардите кои се поставени од регулативата за заштита на лични податоци во Република Македонија.

Со цел да се промовира воспоставениот концепт за заштита на приватноста во Интерворкс и да се разјасни начинот на кој ги обработуваме личните податоци на посетителите и кандидатите на курсевите при нивната посета или регистрација на веб страницата на Интерворкс Едукативниот Центар (во понатамошниот текст веб страницата), како и при аплицирање за курсевите во нашиот едукативен центар, ја имаме развиено оваа политика за приватност.

Оваа Политика за приватност не се однесува на вашата посета на други веб страници до кои пристапувате преку нашата веб страницa.

Политика на Интерворкс е дека личните податоци како што се име, адреса, телефонски број, електронска пошта и други лични податоци (опсегот и категориите на обработените податоци може да бидат различни во секој поединечен случај, во зависност од ситуацијата и од субјектот на податоците) остануваат приватни и доверливи. Ние не ги продаваме ниту изнајмуваме вашите лични информации на други.

Ние ги користиме личните информации само врз правни основи, како што се: вашите лични податоци се неопходни за да ги извршуваме нашите обврски според кој било договор со вас, или да ги почитуваме нашите законски обврски или нашите легитимни интереси и/или врз основа на претходно дадена согласност која што може да ја повлечете (во одредени околности) во секое време по давањето на истата (како што е опишано подолу).

Оваа политика се однесува на посетителите на веб страницата на Интерворкс Едукативниот Центар, кандидатите на курсевите и ги опишува важните теми поврзани со вашите податоци и нивната приватност.

Ве молиме внимателно прочитајте ја оваа политика за приватност, со цел да разберете како ги чуваме и што правиме со вашите лични податоци.

СОБИРАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Кои лични податоци ги обработуваме?

Ние ги обработуваме вашите лични податоци само доколку доброволно ги доставите со регистрирање на нашата веб страница со цел да аплицирате за некој курс како што се вашите информации за контакт и избраниот курс. Покрај тоа, доколку побарате да добивате информации за едукативните услуги, или да дадете коментар за едукативните услуги, од вас ќе биде побарано да дадете контакт информации со цел да можеме да го комплетираме вашето барање.

Заради системска заштита, секогаш кога ќе ги посетите нашите веб страници, нашиот веб-сервер привремено го регистрира вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички детали за сесијата или посетата на веб страницата.


За кои цели ги собираме вашите лични податоци?

Вашите лични информации ги користиме за обработка на вашата апликација за курсот, со цел да се продолжи со процесот за склучување на договор. Вашите информации за контакт ќе се користат и за комплетирање на барањата кои се иницирани од вас од оваа веб-страница.

Притоа, вашите лични податоци нема да бидат обработени за било која друга цел, освен за целта за која се собрани. Обработката на вашите лични податоци за друга намена може да се изврши само врз основа на претходна согласност.

Правен основ за употреба на вашите лични попдатоци

За користење на вашите лични податоци, како што е утврдено во оваа политика за приватност, ги земаме предвид следниве правни основи

а) Употребата на вашите лични податоци е неопходна за да ги извршиме нашите обврски според било кој договор со вас (на пример, да ги исполниме и/или да го почитуваме нашиот меѓусебен договор за да ви обезбедиме одредени видови на едукативни услуги); или

б) Употребата на вашите лични податоци е неопходна за да се исполнат нашите законски обврски

в) Кога не важат ниту (а) ниту (б), користењето на вашите лични податоци е неопходно заради нашите легитимни интереси или легитимните интереси на други (на пример, за да се осигура безбедност на нашата веб-страница). Наши легитимни интереси се:

1) Вoдење, раст и развој на нашиот бизнис;

2) Oперативност на нашата веб-страница;

3) Осигурување на безбедна работна средина за нашите вработени и посетители;

4) Маркетинг, истражување на пазарот и развој на бизнисот;

5) Обезбедување на услуги на нашите клиенти, вклучувајќи ги кандидатите за курсеви, вршење на уплата и исплата, да ја познаваме странката на која што ѝ даваме услуги;

6) Пoставување, следење и осигурување на исполнувањето на нарачките со нашите добавувачи; и

7) За внатрешни административни цели

г) Вашите лични податоци може да ги користиме каде што сте дале ваша согласност и, во таков случај, вие имате право (во одредени околности и ако тоа не влијае на нашите договорни обврски со вас, законските обврски и нашите легитимни интереси) да ја повлечете таа согласност во било кое време што нема да влијае на законитоста на обработката пред да се повлече вашата согласност. За повлекување на согласност, контактирајте нѐ на legal@interworks.com.mk.

Деца

Ја препознаваме приватноста на децата и ги охрабруваме родителите и старателите да земат активна улога во активностите и интересите на нивните деца на интернет.

Децата не можe сами да аплицираат за курс и целата постапка за регистрација, што вклучува и офлајн активности, може да се спроведе само во присуство на родителот или старателот.

Доколку кандидатот кој ја прифаќа оваа политика за приватност е дете (под 18 години), истата треба да биде прифатена во присуство и со одобрение од родител или старател.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Вашите лични податоци може да ги споделиме со трети страни кога е тоа во наши легитимни интереси заради внатрешни административни цели (на пример, обработка на договорите со кандидатите за курсот од страна на нашиот обработувач кој ги обработува вашите лични податоци во наше име) или во случај да сте ја дале вашата согласност за користење на вашите лични податоци од фотографии, видео, аудио и материјали со маркетинг содржински за наше промовирање (како што е опишано подолу во делот за маркетинг).

Ние не ги продаваме вашите лични информации на трети страни.

Исто така, може да откриеме лични информации за корисникот: (а) ако од нас се бара да го сториме тоа со закон, регулатива или друг владин орган или на друг начин во соработка со истрага на владин орган; (б) да ги спроведеме нашите Услови за користење; или (в) да ја заштитиме безбедноста на корисниците на нашите услуги.

Само овластени вработени во нашата компанија имаат пристап до вашите лични податоци, тие се должни да ги чуваат вашите лични информации, и се обучени да обезбедат тајност и заштита при чување и обработка на истите.

ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Oвие информации од веб-страницата и личните податоци што ги обработуваме во име на корисниците, ги чуваме онолку колку што е потребно за да ги обезбедиме услугите. Овие лични информации ќе ги чуваме и користиме колку што е потребно, заради усогласување со законските обврски, решавње на спорови и спроведување на нашите договори со корисниците и/или во временскиот период што се бара со законите во применливите јурисдикции.

ВАШИТЕ ПРАВА

Вие имате одредени права во врска со вашите лични податоци. Доколку сте аплицирале за некој курс, врз основа на вашето писмено барање, вие имате право:

  • Да бидете информирани кои ваши лични податоци се обработуваат и кои се целите и правните основи за обработка на личните податоци и/или
  • На пристап до вашите лични информации
  • На промена, бришење, или да побарате прекин на понатамошна обработка.

Доколку сакате дополнителни информации во врска со овие права или би сакале да примените некое од нив, ве молиме контактирајте нѐ на нашата електронска пошта legal@interworks.com.mk во било кое време.

Ние ќе ги разгледаме сите такви барања и ќе ви одговориме во разумен период (во било кој случај, во било колкав период кој што е пропишан со применлив закон). Ве молиме имајте во предвид дека сепак, одредени лични податоци можe да бидат исклучок од ваквите барања во одредени околности.

Доколку постои некој исклучок, ќе ве информираме за истиот во нашиот одговор на вашето барање. Пред да одговориме на било кое ваше барање, би можеле да побараме од вас да ни дадете информации кои се неопходни за да го утврдиме вашиот идентитет.

Колачиња

Го задржуваме нашето право да користиме колачиња.

Колачињата се користат со цел да одржуваме контакт со корисникот преку сесија на веб страницата. Колаче е мала датотека која кога ќе пристапите на нашата веб страница, софтверот на вашиот веб прелистувач ja зачувува на вашиот компјутер. Колачињата ни овозможуваат да препознаеме индивидуален веб-корисник додека истиот ја разгледува нашата веб-страница.

Ние ги користиме колачињата за да го “запомниме” вашиот прелистувач помеѓу посетите на страниците. Во оваа ситуација, колачето го идентификува вашиот прелистувач, а не лично вас. Не се чуваат лични информации во рамките на нашите колачиња. Kолачињата може да ги оневозможите со прилагодување на поставките на вашиот веб-прелистувач, но ако го направите ова, можеби нема да можете да ја користите целата функционалност на нашата веб страница.

Маркетинг

Ние можеби ќе фотографираме, снимаме аудио, видео материјали, да припремаме содржински маркетинг материјали како што се блог постови, сведоштва, во текот на или по завршувањето на деловните и/или едукативни процеси во кои можеби ќе бидете ангажирани. Со цел да ја промовираме компанијата на трети страни, на профилите на социјалните мрежи што ги поседуваме како и официјалната веб-страница што ја поседуваме на Интернет, ние можеби ќе ги користиме такви фотографии, аудио, видео материјал или маркетинг материјал што содржат ваши лични податоци.

За вакви цели, ние секогаш ќе бараме ваша согласност а вие имате право да ја повлечете вашата согласност преку е-поштата за контакт marketing@interworks.com.mk, во секое време а наша обврска е да престанеме да ги користиме ваквите материјали.

Безбедност

Интерворкс е посветен на заштитaта на вашите лични податоци од губење, злоупотреба, откривање, промена, неовластен пристап, недостапност и уништување и ги презема сите разумни мерки на претпазливост за да се заштити доверливоста на личните податоци, вклучително и преку употреба на соодветни организациски и технички мерки. Организациските мерки вклучуваат контроли за физички пристап до нашите простории, обука на персоналот и чување на физичките досиеја под клуч во соодветни кабинети. Техничките мерки вклучуваат употреба на енкрипција, лозинки за пристап до нашите системи и употреба на антивирусен софтвер.

При доставувањето на вашите лични податоци до нас, вашите лични податоци може да бидат пренесени преку Интернет. Иако вложуваме максимални напори за да ги заштитиме личните податоци што ни ги давате, преносот на информации преку Интернет не е целосно безбеден. Со ова, вие пoтврдувате дека сте информирани и прифаќате дека не можеме да ја гарантираме безбедноста на вашите лични податоци пренесени на нашата веб-страница и дека секој ваков пренос е на ваш сопствен ризик. Откако ќе ги примиме вашите лични податоци, ќе користиме строги процедури и безбедносни мерки за да спречиме неовластен пристап до нив.

Веб страници на трети лица

Нашите веб страници и социјални медиуми може, од време на време, да содржат линкови до страници со кои работаaт трети страни. Ве молиме имајте во предвид дека оваа политика за приватност се однесува само на личните податоци што ги собираме преку нашата веб-страница и страниците на социјалните мрежи или што ги добиваме од извори на трети страни, и не можеме да бидеме одговорни за вашите лични податоци, кои се собрани и ги чуваат трети страни. Веб-страниците на трети страни имаат свои услови и правила за приватност и пред да доставите лични податоци на овие веб-страници треба внимателно да ги прочитате. Ние не одобруваме и не прифаќаме никаква одговорност за содржината на таквите веб-страници на трети страни или на условите и правилата на трети страни и нивната политика.

ПРОМЕНА НА НАШАТА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Постои можност од време на време да ја ажурираме нашата политика за приватност. Сите промени што ги правиме во нашата политика за приватност во иднина ќе бидат објавени на оваа страница. Ве молиме, прегледувајте почесто за да видите било какви ажурирања или промени во нашата политика за приватност. Продолжувајќи да ги користите услугите и нашата веб-страница, вие потврдувате дека сте ја прочитале и разбрале најновата верзија на нашата политика за приватност.

Контактирајте нѐ – дополнителни прашања или поплаки

Добродојдени се сите коментари или прашања во врска со нашата политика за приватност. Доколку сакате вашите податоци да бидат поправени или избришани, или доколку сакате да остварите некое од вашите права во однос на вашите лични податоци, како и ако имате било какви прашања, поплаки и предлози во делот за заштита на личните податоци, можете да нѐ контактирате на следната е-пошта: legal@interworks.com.mk. Ние ќе ги испитаме и ќе се обидеме да решиме било каква поплака или спор во врска со употребата или откривањето на вашите лични податоци.

Би сакале да ве потсетиме дека адресата на вашата е-пошта преку која ќе нѐ контактирате и други лични информации, како и содржината на вашите барања или предлози, нема да се користат за било која друга цел, освен да одговориме на вашето барање, прашање или предлог упатени до нас.