Интеграцијата претставува спојување на помали делови во еден систем кој функционира како целина. Во ИТ индустријата, интеграцијата се однесува на крајниот резултат од еден процес чија цел е да ги поврзи различните потсистеми со цел податоците кои што се наоѓаат во нив да станат дел од еден поголем систем кој брзо и лесно ќе ги споделува информациите кога тоа е потребно. Односно, интеграцијата на системи се дефинира како процес на поврзување на различни ИТ системи, сервиси и/или софтвер во еден за да може тие системи да функционираат заедно.

Интеграцијата може да ја замислиме како една сложувалка. Сложувалката е составена од повеќе различни делови и потребно е сите тие делови да се сложат за да се добие една целина. Така е и во интеграцијата, за да добиеме еден функционален систем составен од повеќе разнородни компоненти потребно е да се направи нивно правилно поврзување.

Главната причина поради која организациите ја користат интеграцијата на системи е потребата да се подобри квалитетот и продуктивноста. Целта е различните ИТ системи во една компанија да се поврзат меѓу себе преку интеграцијата со што ќе се забрза протокот на податоци и ќе се намалат оперативните трошоци за организацијата. Тоа што треба да се напомне е дека интеграцијата не мора да се употребува само за да се поврзат внатрешните системи на една организација, туку исто и за поврзување на организацијата со трети лица или компании со кои истата таа работи.

Постојат неколку видови на методи на интеграција, тука ќе обрнеме внимание на

1) Point-to-point интеграција

Некои луѓе сметаат дека Point-to-point Интеграцијата не е вистинска интеграција затоа што само две компоненти се вклучени во интеграцијата. Но, и покрај тоа што ја нема комплексноста на интеграцијата на повеќе системи, таа сепак поврзува еден систем со друг за да можат да функционираат заедно. Вообичаено, ваквата интеграција се однесува само на една функција и не вклучува никаква друга комплексна бизнис логика. Голем број од апликациите кои се базирани на cloud го нудат овој вид на интеграција. Оваа архитектура вклучува претходно дефинирани конектори, односно мостови кои овозможуваат пристап до податоците на самите апликации во претходно дефиниран формат. Во случај на промена во начинот на испраќање на податоци од апликација А до апликација Б и двете апликации претрпуваат промени. Исто така доколку вклучиме и трета апликација Ц, таа ќе треба да се поврзи со двете апликации соодветно со 6 конектори кои ќе треба да бидат менаџирани и одржувани. Овој вид на интеграција е функционален за ситеми кои имаат 2,3 или 5 апликации. Но во случаеви кога имаме повеќе апликации, менаџирањето на интеграцијата станува потешко. Таквиот систем би бил тежок за одржување затоа што секогаш кога ќе сакаме да додадеме или одземеме апликација од системот тоа ќе повлекува промени во сите други апликации поврани со неа. На таков начин не само што одзема многу време, туку и се трошат многу средства. На пример, за да поврземе десет систем еден со друг со употреба на овој вид на интеграција, ќе се потребни 45 посебни интеграции, и секогаш кога ќе има промена во еден систем, девет од врските ќе треба одново да се поврзуваат. Некогаш оваа интеграција исто се нарекува и Шпагети интеграција аналогно на шпагети код.

2) Enterprise Service Bus претставува интегрирана платформа чија цел е да ја замени point-to-point интеграцијата со тоа што овозможува комуникација помеѓу повеќе различни системи или апликации преку претходно дефинирани правила. Овој вид на интеграција овозможува секој потсистем да има само еден интерфејс за комуникација со другите потсистеми кои се поврзани меѓусебно (односно, со десет системи, има само десет конекции). Бенефитот од овој метод е тоа што секој потсистем може да се промени, па дури и да се замени без да се променуваат интерфејсите на останатите системи. На пример, замислете дека во градот каде живеетe има 5 претпријатија и сите тие претпријатија ги имаат истите лични податоци за вас. Доколку дојде до промена на некоја информација од личните податоци, со поинт то поинт архитектурата ќе мора да се врши промена во секое претпријатие, додека пак со Enterprise Service Bus имаме едно централизирано место и со промената на податоците на тоа место, се врши промената на сите други места.

3) Service-Oriented Architecture модел

SOA моделот користи независни услуги за да креира апликации и тие услуги се на располагање на другите компоненти преку комуникациски протокол со користење на мрежа. Денес многу апликации користат SOA- на пример игрите кои користат вградени функции за извршување.  Апликацијата може да има потреба од GPS па користи вградени GPS улуги.

4. Microservices Architecture модел

Mоделот на Microservices Architecture е варијација на сервисно ориентирана софтверска архитектура каде независни микросервиси се користат за да се направи една апликација. Разликата помеѓу SOA и Microservies е тоа што услугите во моделот на Microservices Architecture се многу мали и тие извршуваат една или две специфични функции.

Процесот на интеграција се содржи од 6 фази:

  • Собирање на дефиниции, спецификации, и побарувања
  • Анализа
  • Дизајн на архитектура и менаџмент план
  • Дизајн за системска интеграција
  • Имплементација
  • Евалуација и одржување

Бенефити од интеграција:

1. Подобрена видливост во реално време – носењето на одлуки врз основа на застарени информации може да има многу лоши последици. Во случеви кога финанскиските извештаи, извештаите од продажба, како и извештаите од услужните области не се интегрирани, потребно е повеќе време за да се прибере оваа информација мануелно, и таа може да не е точна. Со време, поголем број од компаниите престануваат да ги собираат и анализираат нивните податоци за да може да се фокусираат на други задачи кои одземаат помалку време, а со самото тоа му наштетуваат на бизнисот. Константната поврзаност на податоците обезбедува сите вработени да се добро информирани и да ги базираат нивните одлуки на точни податоци, до кои ќе може да се дојде во секое време. Интеграцијата на системите ги намалува ризиците и им овозможува на компаниите да носат критични одлуки кои се базирани на точни информации, а не на инстинктот.

2. Ефикасност на процесот – кога станува збор за продуктивноста на вработените, бенефитите се двострани.

– Зголемување на продуктивноста на вработените – со интеграција вработените ќе можат да се фокусираат повеќе на нивните задачи отколку на мануелно внесување на податоци во секој потсистем кој го користи компанијата.

– Зголемување на квалитетот на тимот – со тоа што вработените ќе може да се фокусираат на нивните задачи, ќе може да ги зголемуваат нивните вештини преку дополнителни поважни и challenging задачи, со што компанијата ќе расте и ќе се развива.

3. Зголемена продажба – поврзаноста на податоците низ сите оддели е одличен начини за подобрување на резултатите од две причини:

– за корисниците на клиентите – доколку ти како клиент имаш онлајн продавница, тогаш интеграцијата му овозможува на твоите корисници да имаат постојан пристап до поголемиот, ако не и целосен пристап до сите податоци. Можат да видат дали тоа што го бараат го има и кога ќе го добијат производот. Неточните податоци може да создадат хаос, додека пак интегрирањето на системите го прави цел процес лесен.

– за вработените – редовниот проток на податоци му овозможува на вработените да одговорат на сите барања навремено заради тоа што тимот има постојан пристап до сите информации.

4. Збир на корисни податоци – постои причина зошто податоците се толку популарни во денешно време, тоа е затоа што овозможуваат да се анализира секоја одлука која бизнисот ја носи и да се открие секоја грешка. Доколку ги имаш податоците централизирано на една локација, не само што ќе добиеш точни резултати, туку исто и ти овозможува да зачуваш меморија во компјутерот. Затоа што секоја промена автоматски се внесува во системот, се елиминира можноста за неточна анализа и заштедува време.

5. Заштедување – откако системите ќе се интегрираат, во секоја фаза од бизнис процесите ќе може да се забележи намалување на трошоците. Како и да е, најголемиот пораст на профит е резултат на носењето подобри, поточни одлуки. Поради автоматизирањето на некои од задачите, тимот ќе може да се фокусира на барање на нови клиенти и развивање на нови вештини кои ќе му овозможат на бизнисот да расти.

Зошто Integration Developer?

  • Затоа што нема пишување на илјадници редови код
  • Затоа што фоксуот е на бизнисот, наместо на пишување на код и внимавање на кодот, односно се фокусираме на бизнис логиката
  • Интеграцијата ја користат големи светски компании, како Кока Кола итн., и секогаш се работи на проекти од светски ранг
  • Во светот интеграцијата е многу платена
  • Кога еднаш ќе започнеш со интеграција на системи, нема да сакаш да ја смениш твојата кариера!

За да станеш Интеграциски девелопер потребно е да знаеш Основни концепти на програмирање кои можеш да ги стекнеш на нашата Академија за Компјутерски науки и развивање софтвер, а доколку веќе имаш основни познавања можеш да бидеш дел од нашиот Комплетен курс за интегратори со SnapLogic.