Интерворкс Едукативен Центар по својата програма и начин на работа е единствен во регионот, а и пошироко, и нуди малку поинаква, поквалитетна и посеопфатна програма која е резултат на истражувањата и искуствата на нашите професионалци.
Целта на Центарот е понуда и реализација на курсеви од областа на компјутерски науки и инженеринг.
Овие курсеви на слушателите ќе им го доближат и пренесат долгогодишното искуство и експертиза на Интерворкс како компанија-лидер во регионот во областа на развивање на софтвер.
Во нашиот центар секако ги вклучуваме и размислуваме и за најмладите. Тие се нашата иднина и затоа организираме и реализираме обуки наменети за деца и млади. На тој начин помагаме во нивниот развој како идни ИТ професионалци
Нашата мисија е да ги поврземе теоријата и искуството кое го поседуваме во кохезивен едукативен процес, кој ќе ги трансформира кариерите со всадување на релевантни и препознатливи вештини и компетенции.
Нашата визија е да го дефинираме и подигнуваме стандардот за квалитетен ИТ кадар во нашата земја и да создадеме средина во која што младите ќе сакаат да живееат, работат и заработуваат. Ова е остварливо преку постојано и значително подигнување на нивото на знаења, како и фокусирање и усвојување на принципите на компјутерската наука.
Студенти
Предавачи
Вработени студенти
Зголемени вештини
Ова е тимот кој стои позади успешните курсеви на Интерворкс Едукативен Центар
Во светот на компјутерската технологија навлегол уште во детството. За време на студиите е ангажиран како демонстратор по неколку предмети, со што го стекнува првото искуство како предавач. Во текот на својот професионален ангажман, кој официјално датира од 2000 г., неговите интереси главно се насочени кон осмислување, организирање и изведување обука, со посебен акцент на обуката за програмирање. Паралелно работи и како развивач на софтвер, а автор е на неколку книги од областа на информатиката и програмирањето.
Секогаш е гладен за нови знаења и затоа често слободното време го поминува во дружење со книгите, а најмногу се релаксира преку прошетки со својата ќерка и нивниот четириножен другар.
Неговото лично мото гласи „Ивестирај во своето знаење, ивестирај во својата иднина“.
Уште како ученик во основно Зоран станал радио аматер. Тоа беше неговиот прв контакт со електроника, радиотехника и компјутери. Таму за прв пат го почуствува задоволството кога нешто сам ќе створиш било тоа да е хардвер или софтвер. Тоа имаше најголемо влијание во изборот на неговата кариера. Така тој продолжи да го надоградува своето образование на Техничкиот факултет во Битола на смерот Техничка информатика и да стигне до неговата титула Магистер на Факултет за Информатички и Комуникациски Технологии исто во Битола. Најмногу се пронаоѓа вo aдминистрација на компјутерски системи и мрежи, но не помалку му е интересен и развојот на софтвер. Работата и хобито му се преклопуваат и често од хоби прави работи поврзани со информатичките технологии. Сепак кога ќе се засити и има потреба од одмор, сака да патува и да поминува време со фамилијата.
Неговото мото гласи “Вложувањето во сопственото знаење е најдобрата инвестиција”.
Цветанка својот образовен процес го комплетира на Универзитетот “Св. Климент Охридски” Битола , на одделот по Информатика и компјутерска техника. Можноста да се решаваат најразлични проблеми и да се работи со голема количина на податоци, која е секако еден вид на предизвик, ја охрабри да започне кариера во ИТ. Покрај нејзиното формално образование таа има завршено неколку курсеви кои и помогнаа да дојде до нејзината прва работа во ИТ. Во текот на работењето таа ја откри нејзината пасија, а тоа се токму податоците и се што е поврзано со нив. Така Цветанка ужива да работи со релациони и нерелациони бази на податоци, SQL, Python, Machine Learning, Deep Learning, Data science, ETL и Data warehousing. Себеси се смета за експерт во SQL и Python. Нејзиното слободно време го поминува во читање книги и прошетки со фамилијата.
Нејзино лично мото е “Никогаш не се откажувај”.
Својот образовен процес Александар го започна во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп на смерот „Електротехничар за компјутерска техника и автоматика“, за потоа да продолжи на Факултетот за Информатички и Комуникациски Технологии (ФИКТ) во Битола, насока „Информатички Науки и Комуникациско Инженерство“. Неговата ИТ кариера ја започнува како како .NET back-end девелопер, а потоа паралелно почнува да работи и front-end со React и Angular и back-end со Node.js. Работел и работи на многу други технологии, но омилено трио му е Node.js, .NET и React.js. Александар вели дека човек секогаш има да научи нешто ново, но според искуството што го има и длабочината на проблемите кои ги решавал, React и Node.js се технологиите во кои се смета себеси за експерт. Во слободно време обожава било каква спортска активност, но беше и карате репрезентативец и тоа вели дека му остана како неизоставен дел од неговиот живот. Други работи кои секојдневно ги прави за да се релаксира се читање на книги, прошетка во природа и одгледување на растенија и цвеќиња.
Неговото мото е “If people are not laughing at your dreams, you are not dreaming big enough”.
Уште од средно училиште Катерина се одреди за техничките науки. Логиката и програмирањето и беа јака страна уште од мала така што изборот за образование на Технички факултет на смерот Информатика и компјутерско инженерство беше единствен логичен избор 😊. Најмногу и лежат .Net технологиите посебно Azure Cloud services, .Net Core и AI. Се смета за специјалист во Net Core Web API и Azure Cognitive services. Во слободно време сака да ги следи најновите технолошки трендови и достигнувања, да чита книги и да го пренесува своето знаење.
Нејзино лично мото е “A calm sea does not make a skilled sailor”.
Александра од секогаш имала око за детали и добар дизајн. Но, покрај желбата за добар дизајн ја интересирала целата слика, односно како една веб страна изгледа визуелно, но што е она што се крие и во позадина. Таа нејзина желба за технологија и дизјан ја донесе на Техничкиот факултет, а подоцна и во светот на front-end дизјан. Моментално работи на креирање веб страни и апликации во Интерворкс, но дизајнот сеуште и останува прва љубов. Секојдневно работи со HTМL, CSS, JavaScript, Angular и vueJS и се смета за експерт во front-end технологиите. Слободното време сака да помине во гледање добра серија, читање добра книга и секако следење на најновите технлошки трендови и достигнувања.
Нејзиното мото е “Design is intelligence made visible”.
Марија, својата кариера ја гради како дел од Business enablement одделот во Интерворкс каде секојдневно работи на менаџирање на проекти користејќи ги Atlassian алатките.
Има работено на многу проекти во различни индустрии, а како дел од Интерворкс Едукативен Центар е и предавач на комплетниот курс “Современи методи на менаџирање” и успешно им помага на посетителите да се справат со оргaнизирање, управување и следење на различни методи и техники на работа со помош на палетата на Atlassian продуки. По природа е личност која сака да истражува нови нешта, а ИТ индустријата нуди безброј можности и предизвици во таа насока. Тие можности и предизвици ја донесоа до титулата Сертифициран Scrum master и Акредитиран менаџер на проекти.
Слободното време го користи за читање на книги, но ја обожава и природата како и долгите прошетки со семејството кои и претставуваат вистинско задоволство.
Нејзиното мото е “If you want something you never had, you have to do something you’ve never done”.
Дарко уште од мали нозе знаел дека сака да работи нешто поврзано со компјутери, па така неговото средно образование го започнал во Техничкото училиште на отсекот информатика и компјутерска техника, за потоа да дипломира на Техничкиот факултет на смерот Информатика. Но, неговата желба за учење не заврши тука. Љубовта кон технологијата го донесе и до неговата титула Магистер по технички науки. Денес, тој работи во оделот за тестирање на Интерворкс и секојдневно се среќава со многу алатки поврзани со тестирање како Selenium, Cucumber, Spira и многу други, но негова експертиза е Xray и тренинг за истата. Како и секој млад човек и горд татко пред се, сака да гледа филмови и серии со фамилијата, да патува и да посетува различни места.
Негово лично мото е “A journey of a thousand miles begins with a single step, push forward your limits and never give up”.
Уште од мали нозе Стефан беше фасциниран од секаков тип на технологија па тоа и му го поплочи патот по кој што гази денес. Таа ‘магија’ која ни овозможува илјадници работи само со кликање на едно копче го држи и денес. Тоа го натера да почне да се прашува како нештата работат и воедно го разгори и неговиот интерес за програмирање. Неговото образование го започнува во Гимназијата “Јосип Броз Тито” во Битола, а факултетот го завршува на Институтот за информатика во Скопје. Денес, работи во полето на тестирање, а најмногу го интересира Мануелно тестирање, Автоматско тестирање (Selenium, Cucumber), Алатки за менаџирање на тестирањето како Zephyr, SpiraTest и TestRail, Агилни методологии (JIRA, SCRUM, Trello/Kanban) и CI/CD (Jenkins). Негова специјалност е Автоматското тестирање и CI/CD tools – Jenkins. Во слободно време се дистанцира од секаков тип на екрани (барем на 2 метри) па се посветува на различни индивидуални спортови каде не сака да зависи од некој друг. Така, можете да го најдете на трчање во парк, на тенис или на планинарење или скијање.
Негово мото е “Hope for the best prepare for the worst”.
Марко уште од рана возраст посакуваше да работи со компјутери. Најпрво започна со играње на видео игри, а подоцна почна да истражува како тие игри се изработени. На тој начин почна да се интересира и за програмирањето. Тој интерес го донесе до средно образование на смер посветен на компјутерска техника и информатика, а подоцна и на Факултетот за Компјутерски науки и инженерство во Битола. Денес работи во делот на тестирање, а негови омилени делови од оваа област се перформанс и aвтоматското тестирање. Постојат огромен број на алатки и технологии со кои може да се прави перформанс и автоматско тестирање, а негов прв избор се JMeter и Selenium. Се смета за експерт во делот на перформанс тестирањето и токму тоа му е омилено. Слободното време го користи за да се опушти со гледање и играње фудбал, играње на компјутерски игри и се разбира Netflix.
Неговото мото е “You miss 100% of the shoots you don’t take!”
Андреј од секогаш го интересирала технологијата. Најмногу се фасцинирал од тоа како некои работи се појавуваат на екраните во различни големи и форми и како тоа работи во позадина. Тоа му изгледало како магија и сеуште му изгледа така 😊. Кога се запиша на Техничкиот факултет во Битола, не беше сигурен каде и како ќе ја продолжи кариерата, односно во која насока. Неговиот интерес беа front-end технологиите но му недостасуваше креативност. Од друга страна навистина умее да решава стратешки проблеми и тоа го донесе до back-end технологиите и до интеграциите каде и ја започнува својата кариера. После практична работа во Интерворкс доби понуда за работа и таму работи и денес како Сертифициран SnapLogic девелопер. Во неговото секојдневно работење тој се среќава со ETL, Интеграциски технологии, SQL, JavaScript, Java, а се смета за експерт во iPaaS и SaaS Платформи/Услуги, ETL Tools, анализа на податоци, SQL. Слободното време го поминува во читање книги посветени на личен развој. Сака да се дружи и да ужива во животот. Интересен факт е дека 14 години игра фудбал од кои 2 дури и како професионален играч. Како секој млад човек сака да патува и да посетува нови места.
Неговогото мото е “Секогаш бидете свои, сите други се зафатени.”
Интересот на Никола за ИТ започнува уште од неговите средношколски денови кои ги поминува во средното техничко училиште во Битола, на отсекот “Компјутерска техника и автоматика”. Откако се запознава подобро со компјутерите и се што е поврзано со нив одлучува да го продолжи и неговото факултетско образование во истата насока, односно на Техничкиот факултет во Битола. Дополнително завршува и курс посветен на ООП и Јава со кое уште повеќе го дополнува неговото техничко знаење. Кариерата ја започнува во Интерворкс во одделот посветен на интеграции, поточно во SnapLogic каде секојдневно се среќава со нови предизвици и задачи кои му помагаат да се изгради како личност и како професионалец. Најмногу му лежат технологиите – SQL, JavaScript, ETL tools, SnapLogic, SnowFlake, а се смета за експерт во NetSuite, ERP integration, SnapLogic и BI. Излез од секојдневието бара во прошетки во природа, квалитетно време поминато со најблиските и се што е поврзано со автомобили.
Негово мото е “Никогаш не се задоволувај со просекот. “
Маја уште од мала сака наука и се што е поврзано со тоа, а особено со информатика. Па така заврши информатика на Техничкиот факултет во Битола. Нејзината пасија за наука ја донесе и до магистерските студии, кои и се при крај, исто на информатика. Учењето никогаш не застанува кај Маја па така има и втор факултет мехатроника. Од програмски јазици, работи со .Net во Про група, на Факултетот за информатички и комуникациски технологии предава C/C++, а во Интегра Ултра предавала Java SE, RDBMS и JavaScript. Минатата година во Интерворкс Едукативниот Центар предаваше Java SE односно програмирање за млади, а оваа година и бази на податоци. Нејзиното слободно време го поминува во читање на книги.
Нејзино мото “Ако го работиш она што го сакаш, нема да работиш ни еден ден во животот.”
Уште од првиот момент кога добил компјутер, Христијан бил фасциниран од него и од се она што може да го направи, па така започна да истражува се повеќе и повеќе во таа насока. Поради тоа воопшто не му беше тешко да го избере ФИКТ како факултет каде ќе продолжи да учи повеќе во сферата на ИТ. При изборот на професија и вклучувањето во ИТ, пресудно за него беше тоа што ќе работи на нешто што одсекогаш го привлекувало и ќе биде вклучен во креирањето на нови технологии кои ќе бидат користени од милиони луѓе низ целиот свет. Па така заврши општа гимназија во Крушево, во СОУ „Наум Наумоски – Борче“, а потоа продолжи да студира на ФИКТ (Факултетот за Информатички и Комуникациски Технологии) во Битола, насока ИНКИ („Информатички Науки и Комуникациско Инженерство“). Од времето кога учеше средно имаше шанса да се сретне со повеќе различни програмски јазици и ИТ технологии, но она што најмногу го привлече беше web програмирањето, а особено front-end делот. Технологии кои најмногу му лежат се React, Angular, JavaScript и NodeJS, а Front-end технологиите како JavaScript, React, Angular, HTML, CSS, Bootstrap и т.н., и NodeJS се технологии во кои има големо искуство, и тие се технологиите во кои би се нарекол себеси експерт. Една од неговите омилените активности во слободното време му е читање на некоја добра книга. Исто така, слободното време сака да го поминува во природа, играње на видео игри и следење на спортски натпревари, особено фудбалски.
Неговото мото е “Manners maketh man”.
Моника своето образование го комплетира на ФАМИС на отсекот инженерство на информациски системи. Нејзината кариера ја започна преку учество во обука за .NET C# програмирање во iSource, каде по успешното завршување на обуката стана и дел од тимот. Од секогаш ја интересирало и уживала во решавање на проблеми и сакала секојдневно дополнување на знаењето. Креирањето на решение за даден проблем, како и разноликоста на проблемите, предизвиците и можностите се привилегии што ги нуди IT и токму тоа беше пресудно да избере кариера во таа насока. Нејзина експертиза е развој на backend сервиси со C# и .NET, како и инволвираност во сите фази на развојот на софтверско решение. Во чекор е со најновите технички трендови, со особен фокус на развој на решенија на Azure Cloud платформата. Во слободно време сака да чита книга и да решава Puzzles.
Нејзино лично мото е “Always look on the bright side of life! “