За нас

Креираме ИТ кадар кој ќе биде спремен да одговори на идните технолошки предизвици!

⋮ИВ Едукативен центар

⋮ИВ Едукативниот Центар или ⋮ИВЕЦ е првиот едукативен центар во регионот, а и пошироко, кој што им нуди на лицата од сите возрасти да се стекнат со технолошка писменост со својата поинаква, поквалитетна и посеопфатна програма која е резултат на истражувањата и искуствата на нашите професионалци. Како неформална образовна институција нудиме широк избор на обуки од областа на Информатичкта технологија за возрасни, деца и млади. Курсевите се усогласени согласно со интересите, предзнаењата и целите на слушателите. Ќе им овозможат на почетниците можност за кариерна трансформација преку стекнување на основите во областа на компјутерската технологија, ќе се запознаат со можностите и насоките во кои сакаат да го продолжат своето надоградување и специјализација за слушателите кои на професионално поле веќе се дел од оваа област. Овие курсеви имаат цел да им го доближат и пренесат долгогодишното искуство и експертиза на ⋮IWConnect како компанија-лидер во регионот во областа на развивање на софтвер. Во нашиот едукативен центар се вклучени и најмладите. Додека програмираат децата го развиваат нивното логичкото размислување, иновативниот дух, креативноста и стануваат математичари, инжењери, раскажувачи на приказни и подобри решавачи на проблеми. За таа цел организираме и реализираме обуки согласно со нивната возраст. Нашата визија е да обезбедиме квалитетно образование и обуки за секој кандидат, создавајќи ги идните лидери во ИТ индустријата.

header pattern
Од 2019 година до денес

Од 2019 година до денес, постоиме и се насочуваме да постигнеме едукативен процес од кој секој слушател ќе стекне квалитетни, релевантни и препознатливи вештини и компетенции. Постоиме за да го подигнеме стандардот и да создадеме квалитетен и професионален ИТ кадар кој ќе биде спремен да одговори на идните технолошки предизвици.

⋮IИВЕЦ во 2023

Запишани студенти

600+

Инструктори

20

Стекнати вештини

90%

Мисија

Наша цел е да ги интегрираме теоретското знаење и практичното искуство во унифициран образовен процес, со што ќе им дадеме моќ на поединците да ги трансформираат своите кариери преку стекнување на релевантни и препознатливи вештини и компетенции.

Визија

Нашата цел е да го подигнеме нивото за квалитетен ИТ персонал во нашата земја, а истовремено да создадеме средина што ќе ги привлекува младите да живеат, работат и напредуваат. Оваа цел може да се реализира со постојано и суштинско подигање на нивоата на знаење и со стекнувањето на квалитетно образование и вештини во областа на компјутерската наука.

Нашиот тим

Тим кој ги претвора визиите во реалност!

Деан Јошевски

Прочитај повеќе

Александра Нацеска

Прочитај повеќе

Марија Димитровска

Прочитај повеќе

Теодора Гоновска

Прочитај повеќе

Кристијан Нашоку

Прочитај повеќе

Кети Стојаноска Анастасоска

Прочитај повеќе

Диме Шутевски

Прочитај повеќе

Елена Николовска

Прочитај повеќе

Христијан Ивановски

Прочитај повеќе

Валентина Палковска

Прочитај повеќе

Никола Трајковски

Прочитај повеќе

Емилија Марковски

Прочитај повеќе

Анета Трајковска

Прочитај повеќе

Андреј Иваноски

Прочитај повеќе

Крсте Ристевски

Прочитај повеќе

Елена Аспровска Божиновска

Прочитај повеќе

Zoran Mitrevski

Прочитај повеќе
header pattern
Не го најдовте тоа што го баравте?

Откријте ги неограничените можности за учење, растење и напредување во полето на информатичката технологија што постојано се развива. Вашиот пат за светла иднина во ИТ индустријата започнува овде во ⋮ИВЕЦ.

Subscribe for news
X

One click to find out more about our new courses, promotions and discounts.

MK