Во контекст на ИТ, интеграцијата се однесува на крајниот резултат од процесот кој се стреми да соедини два или повеќе различни, најчесто одделни системи на податоци со цел податоците кои се содржат во секој од тие подсистеми да станат дел од поголем поразбирлив систем кој брзо и едноставно манипулира со податоците од сите подсистеми.

Замислете еден компјутер и сите делови од истиот. Секој дел како на пример графичка карта, хард диск си имаат своја улога. Доколку сакаме да направиме компјутер ни треба матична плоча која ќе ги интегрира (искомпонира) сите засебни делови и со тоа добиваме функционална целина компјутер.

Исто така, една од главните цели на интеграцијата е да се автоматизираат бизнис процесите, да се зголеми продуктивноста на вработените и да се подобри соработката помеѓу секторите.  

Замислете го следното сценарио 5 бензински станици, 5 различни земји, 5 различни сопственици. Сопственикот на една од нив сака да направи ланец од бензиски станици и да ги купи останатите 4. Од бизнис аспект претпоставуваме дека тоа е добивка за сите но да анализираме што би се случило од аспект на сихронизација на сите тие системи кои треба да споделуваат информации помеѓу себе.

Доколку само ги анализираме базите на податоци би заклучиле дека секоја бензиска станица има своја база на податоци, секоја база има свои табели кои најчесто ќе бидат различни од останатите бензински станици, имињата на табелите, редовите и типовите би биле комплетно различни.

Како да го одберете најефикасниот начин да ги споите сите системи во едно?

Со помош на интеграцијата. За таа цел можете да користите повеќе алатки меѓу кои и SnapLogic.

SnapLogic е софтверска компанија формирана во 2006 година која нуди интеграциска платформа за поврзување на податоци кои се наоѓаат на Cloud и on-premises. Со помош на 500+ предефинирани конектори SnapLogic обезбедува едноставен и брз начин за интеграција на најразлични сервиси, апликации, бази, складишта на податоци и друго. Платформата ја носи титулата ‘Best Platform as a Service or Cloud Middleware’ и во 2019 година имаше пораст од 200%.

SnapLogic е интеграциска алатка која во своето работење ги вклучува последните трендови во софтверската индустрија како вештачка интелегенција и машинско учење. Работи на принципот Drag-n-drop и ја користат огромни компании како, Wendy’s, Subway, Verizon, GameZeneca, Coca Cola, MasterCard, AirBnB итн.

Ако ти звучи интересно и сакаш да дознаеш повеќе контактирај не на educentar@interworks.com.mk, или биди дел од Комплетен курс за интегратори со SnapLogic кој може да те донесе до работата од твоите соништа.