Сведоци сме на сé поголемата важност на алатките и методологиите за менаџирање проекти, како и сé поголемата потребата од истите. Една од најпопуларните агилни методологии која ја користат проект менаџерите е Scrum. Но, што всушност е тоа?

Scum претставува агилна методологија во постепен развој или процес која се користи за орагнизирање, управување и следење на комплексни софтверски решенија. Самата методологија е адаптивна и може да се интегрира со секое софтвeрско решение независно од неговата природа и динамика. Scrum има точно дефинирани улоги, правила и процес на работа.

Но, што е она што ја издвојува оваа методологија од останатите?

Тоа е фокусот кој Scrum го става на испорака на бизнис барањата, агилната средина на работа, тимскиот колаборативен пристап кој ја зголемува комуникацијата и продуктивноста во тимот, како и акцентот на соработката со клиентот кој на крај ја заштитува тимската форма од препреки.

Постојат неколку главни точки, односно улоги кои го извдојуваат Scrum од останатите методологии:

  • Product Owner
  • Development Team
  • Scrum Master

Проектите се поделени во помали верменски периоди наречени Спринтови (Sprints), а барањата се дефинираат како приказни “stories”. Сите засегнати страни “ Stakeholders” го оценуваат напредокот и ги планираат следните чекори. Насоката на проектот се прилагодува врз основа на завршената работа.

Scrum меѓу другото е карактеристичен по тоа што промовира:

  • Брзи одговори на промените во бизнис барањата
  • Континуирана испорака на готов софтвер со висока деловна вредност

Постојат неколку главни точки кои се карактеристични за оваа методологија, а тоа се:

  • Самата методологија има точно дефинирани правила, улоги и процес на работа
  • Проектите се поделени и реализираат во така наречени спринтови. Спринтовите можат да бидат со време траење од 1 до 4 недели
  • Development тимот е крос-функционален и самоорганизиран
  • Бизнис барањата и задачите се дефинираат во форма на stories (секое story опфаќа една фукнционалност и е поделено во неколку sub-task-ови)

На крајот од секој Sprint се оценува дали производот е прифатлив и ги постигнал очекувањата на клиентот, а потоа се планираат следните чекори за следна итерација.

Главни чекори за примена на оваа методологија се следните:

  • Потребно е дефинирање на кратки задачи кои се дел од бизнис барањата на клиентот
  • Потребна е краткорочна посветеност и соработка на сите засегнати страни во процесот
  • Потребен е дневен преглед на завршената работа и активните проблеми, и
  • Потребни се повратни информации од клиентот и континуирани подобрувања на самиот процес

Постојат неколку начини како Scrum може да се примени во секојдневниот бизнис. Како што веќе напоменав, Scrum е динамична методологија која е лесно адаптивна и може да се интергира во секое софтверско решение независно од нивната природа и динамика.  

Како да се примени Scrum во секојдневниот бизнис:

  • Креирање на мали приоритетни задачи
  • Краткорочна посветеност и соработка
  • Дневен преглед
  • Повратни информација  

Ако си заинтересиран за Scrum и сакаш да работиш со алатки за менаџирање погледни го курсот Современи методи на менаџирање кој го подготвивме само за тебе.