DevOps Академија

DevOps експертиза за идните лидери во ИТ!

DevOps Академија

Со приклучување на нашата DevOps академија, ќе започнете едукација со цел да си создадете успешна иднината во ИТ индустријата. Ќе стекнете исклучително знаење и практично искуство од искусни инструктори, воспоставувајќи ја вашата кариера во областа на DevOps.

Зошто сме различни од другите? Вие едноставно нема да учите само теорија; ќе бидете ангажирани во динамична програма дизајнирана од експерти. Ќе биде опфатен целосниот опсег на вештини од DevOps, од кодирање и администрација на серверите, се до изучување на сложеноста на вмрежувањето. Ќе го откриете потенцијалот на концептите како CI/CD, контејнеризација на апликации додека истражувате и навлегувате во безграничните можности на Cloud технологиите.

Зошто DevOps? Сведоци сме на растечката важност на DevOps и вртоглаво зголемена побарувачка во овој технолошкиот сектор. Вие не се пријавувате само за обична обука кога ќе ја изберете нашата Академија; вие инвестирате во сет на вештини кои ќе ве подготвват за иднината кои ќе ве издвојат на пазарот на труд кој постојано се менува.

Ќе учите од експерти кои не само што ги научиле практиките на DevOps, туку и функционираат и работат секојдневново овој дел од индустријата. До крајот на Академијата, не само што ќе бидете подготвени да влезете во ова поле, туку и да напредувате во еден од најдинамичните и најбарани сектори.

Искористете ја оваа можност да стекнете релевантни и препознатливи вештини и да ги отворите вашите можности за подобра иднина!

Цената на академијата е 2315€, но ИВЕЦ слави 5 годишнина од своето постоење, и за таа цел одобруваме 500€ попуст и може да ја следите обуката по намалена цена од 1815€.

Повеќе детали за начинот на плаќање и уверенија може да ги добиете овде.

Последен ден за аплицирање:

Почеток:

Времетраење

Динамика

Локација

Јазик

Цена

19.03.2024

20.03.2024

9 месеци

2 средби седмично по 2 саати

Онлајн

Англиски, Македонски

202€ месечна рата

Аплицирај
header pattern
Што ќе научиш
  • Програмирањето во Python, Git и GitHub, Linux, виртуелизација и VirtualBox,
  • Основи на вмрежување, Веб сервери,
  • Конфигурирање веб сервери како Apache или Nginx,
  • Решенија за API Gateway и Amazon API Gateway,
  • Cloud концепти и специфични Cloud услуги како Amazon EC2,
  • AWS Lambda и примена,
  • Најдобри практики за дизајнирање и оптимизирање на архитектури без сервери,
  • Најдобри практики за мониторинг и собирање метрики,
  • Пракса за поставување мониторинг инфраструктура за различни услуги и апликации,
  • Најдобри практики за мониторинг на веб апликации и микросервиси,
  • Поставување мониторинг на апликации за различни апликации и услуги,
  • Јenkins и неговата улога, Jenkins pipelines, CI/CD pipelines,
  • Ansible и неговата улога во управувањето со конфигурацијата, Ansible playbooks, улоги и најдобри практики,
  • Распоредување и управување со апликации базирани на контејнери со помош на Docker и Kubernetes,
  • Кодирање (IaC) со AWS CDK, Cloud Formation или Terraform,
  • Контејнеризација со Docker,
  • Контејнерска оркестрација со Kubernetes.

Програма

Програма за стекнување на релевантни и препознатливи вештини

  • Преглед во темите на DevOps,
  • ООП концепти,
  • Вовед во APIs,
  • Формати на податоци: XML, JSON, YAML,
  • Бази на податоци.

  • Основи на Python
  • Git и GitHub
  • Основни концепти на Linux
  • Виртуелизација со користење на VirtualBox
  • Вовед во вмрежување (Cisco Packet Tracer) и Веб сервери
  • Командната линија на Linux: употреба на терминали, мрежни алатки, манипулација со текст.

  • Имплементација на веб сервер
  • Основи на API Gateway
  • Вмрежување, безбедност и протоколи
  • OSI модел, е-маил, SMTP протоколи
  • Поставување LDAP.

  • Главните Cloud -провајдери и основните концепти за навигација низ разновидни Cloud-околини.
  • Разликите помеѓу моделите IaaS, PaaS и SaaS и прилагодување на решенијата за да се задоволат деловните потреби.
  • Специфични Cloud услуги, како што е Amazon EC2, за распоредување и управување со виртуелни сервери.
  • AWS Lambda (способности и апликации за развивање на флексибилни апликации без управување со инфраструктурата).
  • AWS CloudFormation за ефикасно обезбедување на инфраструктурата (архитектури за фелксибилни и економични решенија).

  • Мониторинг алатки како: Prometheus, Grafana, и DataDog
  • Мониторинг алатки за апликации како AppDynamics,
  • ELK stack (ElasticSearch, Logstash, Kibana) за менаџирање и анализа.

  • Jenkins за автоматизација на процесите на развој и имплементација на софтвер.
  • Поедноставување на управувањето со конфигурација и автоматизација на инфраструктурата со Ansible скрипти.
  • Менаџмент со Vault (инсталација, контрола на пристап)
  • Управување на артефакти со Artifactory (вклучително и инсталација, конфигурација, контрола на верзии и интеграција со CI/CD pipelines).

  • Основите на контејнеризација со Docker (креирање на контејнери, управување со слики и скриптирање со Dockerfile).
  • Оркестрација на контејнери, скалабилност и автоматизација за распоредување, управување и скалирање на апликации во контејнери.
  • Интеграција на Docker и Kubernetes за постигнување скалабилност, отпорност и ефикасно користење на ресурсите.
  • Декларативни конфигурации и модуларизација со модули на Terraform.
  • Користење на поедноставениот пристап базиран на шаблони на CloudFormation за скалабилни и репродуцибилни имплементации на инфраструктурата.

Аплицирај


    Се согласувам со Политика за приватност.

    Методија Андонов Ченто
    бр.15 Битола, Северна Македонија
    +389 72 309 282
    Subscribe for news
    X

    One click to find out more about our new courses, promotions and discounts.

    MK