Политика за приватност

Вовед

Правото на приватност и заштита на лични податоци е приоритет на ДООЕЛ ИнтерВоркс. Принципите за заштита на личните податоци на вработените, клиентите, кандидатите за работа, кандидатите на курсевите, вработените кај добавувачите, кои се детално елаборирани во правилниците за приватност на компанијата ⋮IWConnect, се применети во процесите и политиките на компанијата.

Политика за приватност

⋮IWConnect посветува големо внимание на заштитата на лични податоци во сите нејзини бизнис процеси, имплементирајќи ги стандардите кои се поставени од регулативата за заштита на лични податоци во Република Северна Македонија.

Со цел да се промовира воспоставениот концепт за заштита на приватноста во ⋮IWConnect и да се разјасни начинот на кој ги обработуваме личните податоци на посетителите и кандидатите на курсевите при нивната посета или регистрација на веб страницата на ИВ Едукативниот Центар (во понатамошниот текст веб страницата), како и при аплицирање за курсевите во нашиот едукативен центар, ја имаме развиено оваа политика за приватност.

Оваа Политика за приватност не се однесува на вашата посета на други веб страници до кои пристапувате преку нашата веб страницa.

Политика на ⋮IWConnect е дека личните податоци како што се име, адреса, телефонски број, електронска пошта и други лични податоци (опсегот и категориите на обработените податоци може да бидат различни во секој поединечен случај, во зависност од ситуацијата и од субјектот на податоците) остануваат приватни и доверливи. Ние не ги продаваме ниту изнајмуваме вашите лични информации на други.

Ние ги користиме личните информации само врз правни основи, како што се: вашите лични податоци се неопходни за да ги извршуваме нашите обврски според кој било договор со вас, или да ги почитуваме нашите законски обврски или нашите легитимни интереси и/или врз основа на претходно дадена согласност која што може да ја повлечете (во одредени околности) во секое време по давањето на истата (како што е опишано подолу).

Оваа политика се однесува на посетителите на веб страницата на ИВ Едукативниот Центар, кандидатите на курсевите и ги опишува важните теми поврзани со вашите податоци и нивната приватност.

Ве молиме внимателно прочитајте ја оваа политика за приватност, со цел да разберете како ги чуваме и што правиме со вашите лични податоци.

Собирање и користење на лични податоци

Кои лични податоци ги обработуваме?

Ги обработуваме вашите лични податоци само доколку ги доставите доброволно со регистрирање на нашата веб-страна за да аплицирате за курс, како вашите контакт информации и избраниот курс. Дополнително, доколку побарате да добиете информации за Услугите за Образование, или дадете повратни информации за Услугите за Образование, ќе ви биде побарано да обезбедите контакт информации за да можеме да го комплетираме вашето барање.

За заштита на системот, секој пат кога ќе ја посетите нашата веб-страна, нашиот веб-сервер привремено ги регистрира вашето домен и IP адреса на работната станица, заедно со некои други технички детали за сесијата или посетата на веб-страницата.

За кои цели ги собираме вашите лични податоци?

Ги користиме вашите лични информации за да обработиме вашата апликација за курс со цел да продолжиме со процесот на договор. Вашите контакт информации исто така ќе бидат користени за да се комплетираат барањата иницирани од вас од оваа веб-страница.

Вашите лични податоци нема да бидат обработувани за никаква друга цел освен за целта за која биле собрани. Обработката на вашите лични податоци за друга цел може да се изврши само на основа на претходен соглас.

Правна основа за користење на вашите лични податоци

За користење на вашите лични податоци, како што е определено во оваа политика за приватност, земаме предвид следните правни основи:

а) Користењето на вашите лични податоци е неопходно за извршување на нашите обврски според било кој договор со вас (на пример, да ги исполниме и/или почитуваме нашето заедничко договорување за обезбедување на одредени типови на образовни услуги); или

б) Користењето на вашите лични податоци е неопходно за исполнување на нашите правни обврски

в) Кога ниту (а) ниту (б) не се применуваат, користењето на вашите лични податоци е неопходно за нашите легитимни интереси или легитимните интереси на другите (на пример, за обезбедување на безбедноста на нашата веб-страница). Нашите легитимни интереси се:

1) Управување, раст и развој на нашиот бизнис;

2) Работна способност на нашата веб-страница;

3) Обезбедување безбедна работна околина за нашите вработени и посетители;

4) Маркетинг, истражување на пазарот и развој на бизнисот;

5) Пружање услуги на нашите клиенти, вклучувајќи кандидати за курсеви, вршење плаќања и наплата, за да знаеме на која страна обезбедуваме услуги;

6) Поставување, следење и обезбедување исполнување на нарачки со нашите снабдувачи; и

7) За внатрешни административни цели

д) Можеме да ги користиме вашите лични податоци кога сте дале ваша согласност и во таков случај, имате право (во одредени околности и ако тоа не влијае на нашите договорни обврски со вас, правни обврски и легитимни интереси) да ја повлечете оваа согласност во секое време што нема да влијае на законитоста на обработката пред вашата согласност да биде повлечена. За повлекување на согласноста, контактирајте не на legal@iwconnect.com.

Деца

Ние го признаваме приватниот живот на децата и ги охрабруваме родителите и старателите активно да се вклучат во онлајн активностите и интересите на нивните деца.

Децата не можат самостојно да се пријават за курс и целата процедура на регистрација, која вклучува активности вон мрежа, може да се изврши само во присуство на родител или старател.

Ако кандидатот кој ја прифаќа оваа политика на приватност е дете (под 18 години), тоа треба да се реализира во присуство и со одобрение на родител или старател.

Заштита на лични податоци

Вашите лични податоци може да ги споделиме со трети страни кога е тоа во наши легитимни интереси заради внатрешни административни цели (на пример, обработка на договорите со кандидатите за курсот од страна на нашиот обработувач кој ги обработува вашите лични податоци во наше име) или во случај да сте ја дале вашата согласност за користење на вашите лични податоци од фотографии, видео, аудио и материјали со маркетинг содржински за наше промовирање (како што е опишано подолу во делот за маркетинг).

Ние не ги продаваме вашите лични информации на трети страни.Исто така, може да откриеме лични информации за корисникот: (а) ако од нас се бара да го сториме тоа со закон, регулатива или друг владин орган или на друг начин во соработка со истрага на владин орган; (б) да ги спроведеме нашите Услови за користење; или (в) да ја заштитиме безбедноста на корисниците на нашите услуги.

Само овластени вработени во нашата компанија имаат пристап до вашите лични податоци, тие се должни да ги чуваат вашите лични информации, и се обучени да обезбедат тајност и заштита при чување и обработка на истите. 

Чување на личните податоци

Oвие информации од веб-страницата и личните податоци што ги обработуваме во име на корисниците, ги чуваме онолку колку што е потребно за да ги обезбедиме услугите. Овие лични информации ќе ги чуваме и користиме колку што е потребно, заради усогласување со законските обврски, решавње на спорови и спроведување на нашите договори со корисниците и/или во временскиот период што се бара со законите во применливите јурисдикции. 

Вашите права 

Вие имате одредени права во врска со вашите лични податоци. Доколку сте аплицирале за некој курс, врз основа на вашето писмено барање, вие имате право:

• Да бидете информирани кои ваши лични податоци се обработуваат и кои се целите и правните основи за обработка на личните податоци и/или

• На пристап до вашите лични информации

• На промена, бришење, или да побарате прекин на понатамошна обработка.

Ние ќе ги разгледаме сите такви барања и ќе ви одговориме во разумен период (во било кој случај, во било колкав период кој што е пропишан со применлив закон). Ве молиме имајте во предвид дека сепак, одредени лични податоци можe да бидат исклучок од ваквите барања во одредени околности.

Доколку постои некој исклучок, ќе ве информираме за истиот во нашиот одговор на вашето барање. Пред да одговориме на било кое ваше барање, би можеле да побараме од вас да ни дадете информации кои се неопходни за да го утврдиме вашиот идентитет.

Колачиња

Го задржуваме нашето право да користиме колачиња. 

Колачињата се користат со цел да одржуваме контакт со корисникот преку сесија на веб страницата. Колаче е мала датотека која кога ќе пристапите на нашата веб страница, софтверот на вашиот веб прелистувач ja зачувува на вашиот компјутер. Колачињата ни овозможуваат да препознаеме индивидуален веб-корисник додека истиот ја разгледува нашата веб-страница.

Ние ги користиме колачињата за да го “запомниме” вашиот прелистувач помеѓу посетите на страниците. Во оваа ситуација, колачето го идентификува вашиот прелистувач, а не лично вас. Не се чуваат лични информации во рамките на нашите колачиња. Kолачињата може да ги оневозможите со прилагодување на поставките на вашиот веб-прелистувач, но ако го направите ова, можеби нема да можете да ја користите целата функционалност на нашата веб страница.

Маркетинг 

Ние можеби ќе фотографираме, снимаме аудио, видео материјали, да припремаме содржински маркетинг материјали како што се блог постови, сведоштва, во текот на или по завршувањето на деловните и/или едукативни процеси во кои можеби ќе бидете ангажирани. Со цел да ја промовираме компанијата на трети страни, на профилите на социјалните мрежи што ги поседуваме како и официјалната веб-страница што ја поседуваме на Интернет, ние можеби ќе ги користиме такви фотографии, аудио, видео материјал или маркетинг материјал што содржат ваши лични податоци. За вакви цели, ние секогаш ќе бараме ваша согласност а вие имате право да ја повлечете вашата согласност преку е-поштата за контакт educentar@interworks.com.mk, во секое време а наша обврска е да престанеме да ги користиме ваквите материјали.

Security 

Интерворкс е посветен на заштитaта на вашите лични податоци од губење, злоупотреба, откривање, промена, неовластен пристап, недостапност и уништување и ги презема сите разумни мерки на претпазливост за да се заштити доверливоста на личните податоци, вклучително и преку употреба на соодветни организациски и технички мерки. Организациските мерки вклучуваат контроли за физички пристап до нашите простории, обука на персоналот и чување на физичките досиеја под клуч во соодветни кабинети. Техничките мерки вклучуваат употреба на енкрипција, лозинки за пристап до нашите системи и употреба на антивирусен софтвер.

При доставувањето на вашите лични податоци до нас, вашите лични податоци може да бидат пренесени преку Интернет. Иако вложуваме максимални напори за да ги заштитиме личните податоци што ни ги давате, преносот на информации преку Интернет не е целосно безбеден. Со ова, вие пoтврдувате дека сте информирани и прифаќате дека не можеме да ја гарантираме безбедноста на вашите лични податоци пренесени на нашата веб-страница и дека секој ваков пренос е на ваш сопствен ризик. Откако ќе ги примиме вашите лични податоци, ќе користиме строги процедури и безбедносни мерки за да спречиме неовластен пристап до нив.

Веб страници на трети лица

Нашите веб страници и социјални медиуми може, од време на време, да содржат линкови до страници со кои работаaт трети страни. Ве молиме имајте во предвид дека оваа политика за приватност се однесува само на личните податоци што ги собираме преку нашата веб-страница и страниците на социјалните мрежи или што ги добиваме од извори на трети страни, и не можеме да бидеме одговорни за вашите лични податоци, кои се собрани и ги чуваат трети страни. Веб-страниците на трети страни имаат свои услови и правила за приватност и пред да доставите лични податоци на овие веб-страници треба внимателно да ги прочитате.

Ние не одобруваме и не прифаќаме никаква одговорност за содржината на таквите веб-страници на трети страни или на условите и правилата на трети страни и нивната политика. 

Промени на нашата политика за приватност

Постои можност од време на време да ја ажурираме нашата политика за приватност. Сите промени што ги правиме во нашата политика за приватност во иднина ќе бидат објавени на оваа страница. Ве молиме, прегледувајте почесто за да видите било какви ажурирања или промени во нашата политика за приватност. Продолжувајќи да ги користите услугите и нашата веб-страница, вие потврдувате дека сте ја прочитале и разбрале најновата верзија на нашата политика за приватност.

Контактирајте нѐ – дополнителни прашања или поплаки 

Добродојдени се сите коментари или прашања во врска со нашата политика за приватност. Доколку сакате вашите податоци да бидат поправени или избришани, или доколку сакате да остварите некое од вашите права во однос на вашите лични податоци, како и ако имате било какви прашања, поплаки и предлози во делот за заштита на личните податоци, можете да нѐ контактирате на следната е-пошта: legal@interworks.com.mk. Ние ќе ги испитаме и ќе се обидеме да решиме било каква поплака или спор во врска со употребата или откривањето на вашите лични податоци.

Би сакале да ве потсетиме дека адресата на вашата е-пошта преку која ќе нѐ контактирате и други лични информации, како и содржината на вашите барања или предлози, нема да се користат за било која друга цел, освен да одговориме на вашето барање, прашање или предлог упатени до нас.

Subscribe for news
X

One click to find out more about our new courses, promotions and discounts.

MK