Вовед во програмирање со помош на Python (за деца и млади)

Вовед во програмирање со помош на Python

Вовед во програмирање со помош на Python е обука креирана за деца и млади кои сакаат да се влезат во светот на програмирањето со изучување на основите користејќи го програмскиот јазик Python. Овој програмски јазик е познат по својата едноставност што наликува на секојдневниот јазик, притоа често се препорачува како идеален програмски јазик за сите почетници во светот на програмирањето.

Преку интерактивни активности, игри и примери од секојдневието, учениците ќе започнат од практичен аспект да ги сфаќаат суштинските концепти на програмирање. Дизајнирана да биде интерактивна и забавна, оваа обука поттикнува средина за учење каде што учениците можат да истражуваат, експериментираат и да ги развијат своите способности за програмирање со помош од нашите искусни предавачи. Без разлика дали тие се стремат да креираат сопствени апликации, да истражуваат во делот за податоците или едноставно да ја разберат логиката зад компјутерските програми, оваа обука поставува цврста основа за нивните идни цели во областа на технологијата и пошироко.

Од основни математички активности до логично решавање на проблеми, оваа обука ќе ги подготви младите на возраст од 13-15 години со основните вештини потребни за самостојно да го применуваат програмскиот јазик- Python.

 

Аплицирање до:

Почеток:

Времетраење

Динамика

Локација

Јазик

Цена

01.10.2024

01.10.2024

8 месеци

1 средба во седмицата по 1.5 саат

Битола

Македонски

20.400 ден

Аплицирај
header pattern
Што ќе научиш
  • Совладување на основите на програмирање со помош на програмскиот јазик Python;
  • Ќе научите како да добиете информации од корисниците, читање и пишување на фајлови;
  • Истражување на основни структури на податоци;
  • Разбирање на концептот на функции и нивното значење во програмирањето;
  • Ќе научите за модули и библиотеки во Python;
  • Совладување на основите на објектно-ориентирано програмирање;
  • Зголемен вокабулар на корисни програмски конструкции.

Програма

Програма за стекнување на релевантни и препознатливи вештини

Аплицирај


    Се согласувам со Политика за приватност.

    Методија Андонов Ченто
    бр.15 Битола, Северна Македонија
    +389 72 309 282
    Subscribe for news
    X

    One click to find out more about our new courses, promotions and discounts.

    MK