Python AI почетна лабораторија

Python AI почетна лабораторија: Интересна авантура со Python и AI!

Сакаш да откриеш како функционираат AI четботовите, како програмите препознаваат гестови преку камера или како да создадеш сопствени дигитални асистенти? Време е од пасивен корисник на технологијата да станеш нејзин креатор!

Python AI почетна лабораторија е интерактивен и практичен курс дизајниран специјално за млади истражувачи на возраст од 12 до 15 години. Заедно чекор по чекор ќе ги совладаме основите на програмирањето во Python еден од најпопуларните програмски јазици во светот - и ќе научиме како да ги искористиме најновите алатки за вештачка интелигенција.

Без сува теорија и досадни задачи! Секој час кодираме реални и забавни проекти: од игри со паметни ботови, преку анализа на текст и криптирање пораки, па сè до апликации со компјутерска визија што реагираат на твоите гестови пред веб-камерата.

Аплицирање до:

Почеток:

Времетраење

Динамика

Локација

Јазик

Цена

13.10.2026

19.10.2026

8 месеци

1 средба во седмицата по 1.5 саат

Битола

Македонски

20.400 ден

Аплицирај
header pattern
Што ќе научиш
  • Основи на Python: Како да размислуваш како програмер, да користиш променливи, логички одлуки и повторувања.
  • Паметно структурирање податоци: Организирање податоци преку листи и речници за креирање квизови со поени.
  • Модуларно кодирање: Пишување код преку сопствени функции.
  • AI и компјутерска визија: Поврзување на Python со веб-камера, детекција на гестови и тренирање сопствени визуелни AI модели.
  • Дигитлна етика: Како да се користи вештачката интелигенција безбедно, одговорно и паметно.
  • Размислувај како програмер – решавај загатки и разделувај ги големите проблеми на мали чекори!

Програма

Програма за стекнување на релевантни и препознатливи вештини

Аплицирај


    Се согласувам со Политика за приватност.

    Методија Андонов Ченто
    бр.15 Битола, Северна Македонија
    +389 72 309 282
    Subscribe for news
    X

    One click to find out more about our new courses, promotions and discounts.

    MK