MIT App Inventor

MIT App Inventor

Дали вашите деца сакаат да направат своја креација, да изградат нешто навистина уникатно, а не само да играат игри? Бидете подготвени да видите како вашите деца се трансформираат од играчи на игри во креатори со обуката MIT App Inventor во ИВЕЦ.

Оваа обука е креирана да ги запознае младите со возбудливиот свет за развој на апликации. Во MIT App Inventor ќе го користиме системот на блокови со влечење и спуштање, што го прави многу лесен за совладување, исто како играњето со Лего коцки! Само со неколку кликања и малку креативно размислување, тие можат да ги претворат своите идеи во целосно функционални апликации, исто како оние што ги гледаме на нашите уреди секој ден.

Оваа обука е наменета за сите деца, со која ќе развијат не само технички вештини, туку и ќе ја поттикнат својата креативност, вештините за решавање проблеми но ќе има и многу забава! Нашиот инструктор ќе ги води чекор-по-чекор низ процесот на развој на апликации, од првата идеа до лансирање на сопствена апликација на екранот на нивниот телефон.

MIT App Inventor e лесно достапен, едноставен за примена и прилагоден за децата на возраст од 11 до 13 години да им помогне да станат креатори на сопствени идеи.

Аплицирање до:

Почеток:

Времетраење

Динамика

Локација

Јазик

Цена

01.10.2024

10.2024

8 месеци

1 средба во седмицата по 1.5 саат

Битола

Македонски

20.400 ден

Аплицирај
header pattern
Што ќе научиш
  • Основите во креирањето на апликации,
  • Магијата на влечење и спуштање на блокови преку коja ќе ги осварите вашите идеи;
  • Креирање на интерфејс;
  • Креирање на интерактивни апликации.

Програма

Програма за стекнување на релевантни и препознатливи вештини

Аплицирај


    Се согласувам со Политика за приватност.

    Методија Андонов Ченто
    бр.15 Битола, Северна Македонија
    +389 72 309 282
    Subscribe for news
    X

    One click to find out more about our new courses, promotions and discounts.

    MK