Една од најпопуларните и најбрзо растечките гранки во ИТ индустријата е софтверското тестирање. Сè поголема е побарувачката за инженери кои работат во делот на софтверско тестирање па токму затоа се зголемува и понудата на работни места и обуки во таа област.
Но што претставува софтверското тестирање и зошто е толку популарно?
За да го разбереме ова прво треба да знаеме што е квалитет на софтвер. Според официјалните дефиниции од ISTQB, тоа може да се подели на два дела за да се разбере поубаво:
Квалитет: Квалитет: степенот до кој една компонента, систем или процес ги исполнува зададените критериуми и корисничките потреби и очекувања.
Квалите на софтвер: вкупните функционалности и карактеристики на софтверскиот продукт кои се потпираат на неговата способност да ги задоволи бараните или наметнатите потреби.
Што претставува софтверско тестирање?
Софтверското тестирање e процес на евалуација на функционалноста на софтверските апликации за да се пронајдат т.н. software bugs, односно неправилности. Процесот на тестирање проверува дали софтверот ги исполнува побараните функционалности и ги идентификува сите дефекти во софтверот за да може да се произведе квалитетен производ. Во суштина тоа е проверка на системот за да се лоцираат сите грешки, празнини или побарувања кои недостасуваат во иницијалните барања.
Верификација
Процесот на оценување на делови од производот (не финалниот производ) во развојна фаза за да се одреди дали ги исполнуваат побарувањата потребни во таа фаза.
Валидација
Процесот на оценување на софтверот за време на или на крајот на процесот на развој за да се одреди дали ги задоволува зададените барања на бизнисот.
Зошто е потребно софтверското тестирање?
Ги намалува трошоците
Тестирањето има многу бенефиции но една од најважните е ефективноста на трошоците. Тестирањето на нашите проекти може да ни заштеди пари на долг рок. Развивањето на софтвер се состои од многу фази и ако т.н. bugs се откриени на време во порана фаза, трошокот за да се поправат ќе биде значително помал. Со други зборови некои багови можат да доведат и до финансиски загуби кај побарувачот на софтверот.
Security
Ова е една од најчувствителните и сензитивни делови од софтверското тестирање. Корисниците секогаш бараат продукти на кои им веруваат и на кои можат да се потпрат. Им помага во отстранување на проблеми и ризици пред време.
Квалитет на производот
Со цел визијата за производот да оживее, мора да работи како што е планирано. Важно е да се следат побарувањата з производот бидејќи тие помагаат да се постигнат крајните резултати.
Задоволство на потрошувачот
Крајната цел на секој производ е да го задоволи корисникот. Софтверот треба да биде тестиран за да може да испорача најдобро искуство за потрошувачот. Да се има најдобар производ во заситен пазар помага да се добие доверба кај клиентите и да се постигнат одлични ефекти на долг рок.
Да се провери приспособливоста на софтверот
Постојат многу уреди, оперативни системи и пребарувачи денес и неопходно е софтверот да е компатибилен со сите нив, за да може да испорача позитивно искуство за корисниците. Доколку функционалноста на софтверот е афектирана од промените на уредите, може да испорача негативно искуство за корисникот.
Да се лоцираат грешки
Тестирањето софтвер помага да се ослободиме од грешки во производот пред производот да оди во рацете на корисникот. Тестирањето ќе води до подобро функционирање на производот затоа што скриени маани ќе бидат откриени и решени.Крајниот резултат ќе биде одлично функционирање на производот пред да оди во поширока употреба.
Да се забрза развојот на софтвер
Доколку во паралела се одвиваат тестирањето на софтвер и развојот може да го забрзаат процесот на развој и да го направат поефикасен. Дозволува брзо поправање на грешки и ја прави верзијата на софтверот помалку склона кон грешки.
Да се избегнат ризици
Софтверот кој треба да се имплементира во компаниите, мора да биде ослободен од сериозни ризици. Било која грешка може да води до ранливост. Софтверските грешки може да резултираат во загуба на информации и лоша комуникација. Токму затоа неопходно е да сме сигурни дека софтверот работи оптимално да ги минимизира шансите за губење податоци и нарушување на приватноста.
Да се оптимизира бизнисот
Тестирањето дозволува крајниот производ да поседуваа повисоко ниво на квалитет пред да оди во продукција. Исто така додава вредност на имиџот на компанијата и ја зголемува профитабилноста бидејќи се намалуваат трошоците за поддршка. Крајно, задржувањето на потрошувачите и добрата услуга стануваат дел од репутацијата на компанијата.
За крај наоѓањето грешки во софтверот е чест феномен. Нивното оставање нерешени може да предизвика голема штета не само на клиентот туку и на неговиот добавувач. Со намалување на грешките во софтверот се подобрува искуството на корисниците и се намалуваат трошоците за одржување. Токму затоа тестирањето на софтвер е неопходно во секоја компанија. Колку порано се започне со истото толку е подобро.
Дали и ти сакаш да изградиш кариера во тестирање? Тогаш не ја пропуштај нашата академија посветена токму на тоа.