Ако размислувате да влезете на пазарот на трудот или да ја смените вашата кариера, најважно е да размислите за вашите лични потенцијали, вашите интереси и конечно да одлучите по кој пат сакате да го насочите вашето лично развивање.
ИТ индустријата нуди многу можности за развој во различни области. Затоа е важно да ги дефинирате техничките вештини на кои би сакале да се фокусирате. Дали сакате да бидете програмер, дизајнер, тестер, интегратор, администратор или нешто друго? За да одговорите на ова важно прашање, најдобро е да извршите некое истражување. Откријте на што најмногу работат професионалците од овие области, и што сметаат за товар. Секоја професија има обврски кои не се толку привлечни, и други кои се сметаат за предизвици и нудат задоволство. Откако ќе откриете кој тип на работа ве привлекува, ќе уживате во процесот на учење 😊
Но, како да изберете соодветен начин на учење?
Откако ќе го изберете полето во кое сакате да го насочите вашето професионално развивање, ќе треба да започнете со процесот на учење. Овој процес за професионалците во ИТ индустријата во основа никогаш не запира. Барањата на клиентите, програмските јазици, алатките, техниките, односно технологијата, се постојано менуваат и непрекинато се развиваат. Затоа треба да бидете подготвени предвреме да се истакнете и да учите интензивно.
Денес постојат многу начини да се стекне потребното знаење во ИТ индустријата. Ќе наведеме неколку:
Традиционално формално образование
Иако факултетска диплома не е предуслов за добивање работа во повеќето ИТ компании, сепак соодветното академско образование нуди неопходните теоретски основи за таканареченото ИТ размислување, алгоритми, структури на податоци, компјутерски мрежи итн. За младите ова е одличен начин да ги совладаат основите на теоријата кои ќе им помогнат да ги надградат нивните технички вештини и да напредуваат во нивната кариера.
Индивидуално учење
Преку индивидуалното учење може да се заштеди пари, но исто така ќе треба да планирате да инвестирате повеќе време и енергија. Интернетот е одличен извор на онлајн курсеви и различни материјали, како книги, примери, туторијали, видеа итн. Поради турбуленциите кои се случуваат во ИТ индустријата со брзо темпо, често се случува одредени јазици, алатки, барања итн., да се дефинираат како застарени само по неколку месеци. Поради ова треба да бидете многу внимателни кога започнувате со учењето и да се осигурате дека материјалите се точни и актуелни. Исто така е суштинско да не се развијат погрешни навики како користење на стари јазици, алатки или техники.
Неформално образование
Образовните центри, преку специјализирани курсеви, нудат потребното теоретско знаење, но исто така овозможуваат практична работа на одредени задачи и актуелни проблеми. На овој начин може да добиете поблизок осет на секојдневната работа на програмер, и набрзо по завршувањето на овој тип на обука може брзо да станете дел од ИТ индустријата. Специјализираните курсеви помагаат на студентите да учат побрзо и обично траат неколку месеци. За успешно да освоите потребното теоретско знаење и да стекнете практични вештини за време на курсевите ќе треба да се ангажирате во интерактивна работа која често вклучува тимска работа. Овој тип на учење во светот е познат како најдобар и најбрз начин да се стекнат и развијат потребните вештини кои ќе им дадат на кандидатите соодветно вработување.
На крај, да не заборавиме на меките вештини. Потребата за комуникација со членовите на тимот и клиентите бара вакви вештини бидејќи тие се неизбежен дел од секојдневната работа.
Сѐ уште не сте сигурни како може да започнете кариера во ИТ? Барате одговори за патеката кон успешна кариера во оваа индустрија? Придружете ни се на 20-минутниот вебинар фокусиран на дискусија како може да станете дел од најпопуларната индстрија денес, ИТ индустријата.