Значењето на англискиот јазик за развој на кариерата во ИТ

февруари 24, 2023
 | 3 мин

Англискиот јазик ја олеснува комуникацијата меѓу луѓето од различни култури и држави, знаејќи дека е lingua franca во овој глобализиран свет.

Тој е стандарден начин на комуникација во глобалниот бизнис и неговото влијание е многу големо. Во постојано развивачката технолошка индустрија, вработените мора да можат да комуницираат течно со луѓе од различни земји, што може да им помогне да постигнат поголема продуктивност, ефикасност и повеќе остварени цели. Исто така, за да напредуваат професионално во ИТ-индустријата, вработените треба да бидат добро запознаени не само со техничките правила, туку и со англискиот јазик.

Зошто англискиот е минимален услов за почетен чекор во ИТ индустријата и многу важен дел во кариерата на ИТ професионалците?

1. Мултинационално ангажирање

Повеќето ИТ компании соработуваат со клиенти лоцирани низ целиот свет и сите тие го користат англискиот јазик како свој медиум на комуникација. Ова е причината зошто англискиот се вика глобален јазик, бидејќи се користи низ целиот свет како стандарден начин на комуникација. Како ИТ професионалец може да ви биде потребно да ги посетите клиентите со кои вашата компанија соработува, кои се наоѓаат на различни локации, и продуктивна комуникација може да се постигне само ако го користите и познавате англискиот јазик на потребното ниво.

2. Софтвер

Дури и за користење на основниот Microsoft Word треба правилно да го знаете англискиот јазик. ИТ техничките консултанти секојдневно комуницираат со клиентите, дневни средби на кои го претставуваат својот труд. Можете да имате потребните технички вештини и експертиза, но морате да комуницирате со клиентите, бидејќи сте прва точка на контакт и обезбедувате насоки и совети за време на секој проект. Клиентите нема да бидат привлечени кон неточен англиски јазик, така што, техничкото знаење само по себе е недоволно за да оставите траг во ИТ кариерата и да напредувате.

3. Напредување во кариерата

За да започнете и напредувате во вашата ИТ кариера, треба да можете да правите презентации, да зборувате, да комуницирате со клиенти и да извршувате други поврзани функции со вашата работна позиција. Сите овие одговорности бараат добра поддршка од англискиот јазик, бидејќи само дипломите веќе не се доволни. Треба да бидете сигурни во вашата испорака на англиски разговори за да може да ги изнесете вашите идеи и мислења и да импресионирате на високото раководство. Тоа ќе резултира со создавање впечаток и секогаш да бидете прв избор при селекција на вас во нивните врвни проекти, активности и позиции. ИТ техничките консултанти треба да бидат добри комуникатори со способност брзо да разбираат и решаваат деловни проблеми.

4. Интервјуа

Кога ќе одлучите дека треба да го смените вашето работно опкружување и компанијата, треба да имате на ум дека без одлично знаење на англискиот јазик, не ќе можете да преговарате за подобра работна позиција или за повисока плата. Ако вашите вештини на англискиот јазик се на високо ниво, добивањето на одлична и добро платена работа нема да биде проблем. Можете лесно да се справите со тешки прашања на интервјуто како што се изнесувањето на вашите очекувања, опишувањето на вашето претходно работно искуство, вашите очекувања итн. Со добри вештини на англискиот јазик можете себеси да се претставите на начин што компанијата ќе биде убедена дека сте вистинската личност за работната позиција.

5. Вмрежување

Како ИТ технички консултант, вашите социјални вештини треба да бидат одлични и треба да бидете многу сигурни кога воспоставувате интеракција со другите. Добрите комуникациски вештини на англискиот јазик ќе ви овозможат да имате одлични социјални вештини и ќе бидете центар на вниманието на сите на состаноци, социјални собири и средби.

Важноста на англискиот јазик е во тоа што овозможува подобра комуникација и ефикасност на работното место низ географски различни канцеларии и деловни начини.

Можеби сте технички на експертско ниво, но треба постојано да учите и вежбате читање, слушање и пишување англиски јазик за да го одржите вашето знаење и стандарди. Изборот е ваш за исполнување на вашите цели и соништа!

Популарни блогови

Subscribe for news
X

One click to find out more about our new courses, promotions and discounts.

MK